Изложбата „Монодиоптрија“, го најави Интернационалниот фестивал на монодрама

Изложбата „Монодиоптрија“, го најави Интернационалниот фестивал на монодрама

Синоќа во Центарот за култура – Битола беше отворена изложбата „Монодиоптрија“, како своевидна најава на Интернационалниот фестивал на монодрама кој почнува оваа сабота.

За изложбата, Маја Андоновска Илијевски, директор на Центарот за култура – Битола истакна: „Два дена пред Фестивал от на монодрама отвораме една за мене посебна изложба. Eдна изложба која на симболичен начин го дефинира она што ќе се случува во наредните 8 дена во Битола. Ако за театарот велат дека е уметност на мигот, јас истото го мислам и за фотографијата. Фотографиите на Диоген Хаџи Коста Милевски точно така ги уловиле најдобрите актерски мигови во изминатите 5 години на Фестивалот на монодрама.“.

„Монодиоптрија“ е замислена како визуелно патување…

Ретроспектива на најмоќните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година. Изложбата се состои од 30 фотографии кои ги визуелизираат емоциите… Суштината на ликовите толкувани од 25 актерите во монодрамите одиграни на сцените на фестовалот во изминатите години.

„Монодиоптрија е природен раст на проектот „Фестивалска диоптрија“. Уште при подготовката на изложбата „Фестивалска диоптрија“ сфатив дека е Фестивалот на монодрама е вистинско богатство. Богатство кое што сите ние го имаме.

Оваа изложба е резултат на тимската работа на исклучителна група на професионалци, кои секој во својот домен е дел од сложувалката наречена Интернационален фестивал на монодрама и сите тие се потпишани на задната страна на секоја од 30-те фотографии.

„Монодиоптрија“ и планираните проекти за следниот период се обид да ја збогатиме фотографската култура на нашито град и да ја градиме архивата на Центарот за култура. Овие фотографии се еден вид трајно наследство кое им го оставаме на идните генерации. – истакна Диоген Хаџи Коста Милевски.

Љубителите на фотографијата ќе можат да ја погледнат оваа „Монодиоптрија“ до 31 мај. Изложбата е финансиски поддржана од Министерството за култура. А партнери на проектот се НУ Центарот за култура и здружението Центар за европски развој и интеграција од Битола. Јубилејното 25-то издание на овој фестивал започнува подоцна оваа седмица, односно од 25-ти до 31-ви мај.

ПР текст