„Монодиоптрија“ – Визуелно патување низ минатото на монодрамата

монодиоптрија

„Монодиоптрија“ е визуелно патување низ минатото на монодрамата. Изложбата „Монодиоптрија“ е проект на Диоген Хаџи Коста Милевски. Истата го открива патот кон блиското минато на  највлијателните моменти од Интернационалниот фестивал на монодрама во периодот 2019 – 2023 година.

монодиоптрија

30 фотографии што ги зацврстуваат емоциите и суштината на ликовите одиграни од 25 актери. Изложбата се отвора со грандиозност на 22 мај во Фоајето на НУ Центар за култура Битола.

„Монодиоптрија“,  финансиски е  поддржана од Министерството за култура и организирана во партнерство со Центарот за култура Битола и здружението Center for European Development and Integration од Битола.Оваа уметничка визија на изложбата, го најавува 25-тото издание на International  Monodrama Festival – Bitola.