Ако ја гледаш работата инаку, секогаш фамиЉарните средби и средбите со (Ѓом) блиските стринки и чиковци, тетки и баби, шо ги гледаш еднаш годишно, се ТОРТУРА! Вистински ТЕАТАР! Ете кои типови на гости се наоѓат на фамиЉарните трпези. Барем еден од овие, сигурно имате сретнато.
Тетката шо ,,масира” и од прва ти ја расипва вечерта. Едвај чека да оди на гости и да масира!
-… И пиле како си ти? Да чекаме нешто за брзо? Ќе не изненадиш? Време ти е. Вие со трето до кај сте?… Имаш нешто на носо..
Радозналио:
– Вие шо напрајвте со куќата? Исплативте кредитите?
ЧоекО со звање: ,, Во мое време… “:
Сѐ во негово време било поубо. Музиката ју, фичото, пепито пантаЉите, танго ко играле во феријалното на одмор… Во Фустеларко ко работел, бонусите, леб ко се чекало… Ништо ние не знајме! Само, ,,трт – трт” со телефоните.
ЧоекО шо ќути :
Со рамената нанапред во полжав позиција и глата нурната в скут, цела ноќ ќути онака скромно се смешка ко небаре тешки операции има прележано на образите и ако се насмеј ќе му испукат. Цела ноќ нема спиено од возбуда.
Тој бил најјак на времето. ГИскинал сите од мање. Пола улица се тресела од него! Гено му е од најјакиО чичко во фамилијата.
Тетката шо стално ги нуди сите гости и шета со пајнцата по маси, од чоек на чоек и амсира:
Каснете си, земете си, послужете се. Еве ќе ви клам во пајнчето. Многу убај ни се благите. Чекај ќе ти дам и од соленото. (и едвај чека да ја прашат за рецептО, трча по тевтерчето. иако е 21 век. За неа на интернет само глупости има. Ееее та ко ги праеше тие рецепти…Кај беа?!)
Стрико шо не те пушта да си одиш оти му се пие:
„Шо бе дома? Нема! Шо младина сте вие ваква… Тури му уште едно… Нема нејќам. Маж си или шо си! Куќа ова домаќинска е.“
Шаштисаната домаќинка:
Шо ќе речи мажО, то! Трца – прца со тафтата. Докториран кеЉнер со ретро или винтиџ дрес код: долга сукња, џемпер, узвратка, нА влечка.
Латентен алкохоличар шо можи да се ,,сети” по муабетите:
„Леле од кога неам пиено… Те поштовам многу!Ова уште една и бегаме. Многу ви се изнаседивме, срамота. Ај тури ми ако сакаш ако не!“
Политичарот:
Стално, ама стално има некој шо можи така убо да ја зафркни вечерта и да пласни тема за политика на маса. Станва опето и секогаш заврша муабетО со: ,,Ех ко не заминавме совреме… ”
Главнио трчај лажи:
Се имал возено со јахта со 10те најубај манакенки од БалканО! Има преживеано бродолом и торнадо свеста му ја има земено дури се дрогирал со скапа дрога во длабокото на Хаваи.
Радио милева:
Слушнавте оти Митре ќе го затвора бакало? Не му одело! И се остајл со жената, та швалер имала и…(Не дај Боже да седни до тебе! Умо попара).
Го викат „Бившио“ со женските:
Стално се фали за бившите, а женска нема пријавено никако. Бившите? Никој не ги знај.
Сингл брачеда ти на 40 години шо има бубулици од нередовен секс:
Меѓу сите гости стално се истакува оваа личност. Стално е мрачна, завиена во шалој и ич не му се живеј. (Ко Милена на Марјан нешто слично). Едвај чека да заврши вечерата, да се изгушка со мачките и да планира самоубиство.
Сингл комшивката исто на 40:
(За инает на ова другата) дуздисана, пријавила шлиц, тро деколте. Се носи по најнова мода, оди на афтер парти од работа, тим билдинг забави и сикрет санта. Фрла селфиња цела ноќ и не се дели од телефонот оти има многу лајкој, а и од работа и пишат. Мрази мачки! (Освен ангорки! Мјауу!)
ПарО шо се расправа:
,,Мидлејџ” криза. Не знат дали уште се сакат. И двата имат швалери и сите на маса знат ама си ќутат.
И никој од горенаведените не е за на гости. Сите си прат лице, али то е то! И после ќе речиш оти се пие? Уше то да не беше!