,,Во детството, мислев дека сум Брусли!”- Јутјуберот Ритко во MIMI YUGO

Нов гостин во MIMI YUGO, ама ние прво да си се пожалиме…

Недела, ѓом ден за одмор, али чичко ти гугл не те прашва дали ти се одмара, спие или пример во мојот случај дали си требало да виткаш сарми од вечер за утре да ти е спремен ручекО. И не само шо не те прашва стрико гоогле, туку и ова Мими не прашва. Да не се застанвало од работа значи. Врши детево. Хехе мајтапо на страна(макар шо во никој случај то не е наш стил. Шо живот, без тро мајтапче), ми ѕвони телефоно пред еден сат. И ете ти го… Во MIMI YUGO нов гостин.

.. И баталив сармите, виткањето, утре си викам попара ќе се јади. Или вистинска или од синето. Оти му ги обеќав. И ете ти пак се зазборав…Значи настрана сармите (Господе Боже…)

Во YUGO MIMI, ексклузивен гостин. Јутјуберот Ритко Мемедов. Популарен во јавноста и прифатен од широката публика, Ритко попара напрај на интернетот.

Она шо нас не бендиса од муабетО, е шо Ритко е тотално искрен и нема заткулисни намери. Шо кога би биле сите вакви и би си ги признајле грешките? Да ве упатиме…

Ритко раскажа за неговото детство и како започна да ја креира неговата приказна. Јавно говори за неговото палаво детство, а во MIMI YUGO, низ смеа си констатира:

Гледав многу филмој со карате. Бев немирно дете и во еден момент мислев дека сум Брусли.

Денес, секако дека му е криво оти ги пропуштил школските клупи и сите тие детски приказни, натаму дружби и матури. Искрен и дури тажен е мигот кога Ритко си играл со топката во турското Гоце Делчев сам. Единствената забава му било како тој го гледал овој предмет што се одбивала од ѕидот. Ѕидот бил единствениот негов противник, другар со кој не можи да се скара, налути (или во неговиот случај да му изиграва Брусли).

Меѓу другото Ритко раскажа како започнал со јутуб каналот. Како дошол до идејата и колку е тежок патот. Се отвори околу то колку заработил, а исто толку отворено призна дека не знај кај ги потрошил.

Oна шо Мими, а ние го заклучивме е дека најважно е шо Ритко е искрен и си ги призва грешките, а после знај и да ги испрај работите.

Понатаму, гостинот во MIMI YUGO, си кажа оти си ја сака работа, инаку не би доживеал успех. Парите не би биле толку важни ако не го сакаш она шО го прајш и не си го слушаш тој внатрешен глас во себе си. И да, секако ќе има негативни критики… Но, и ние би се надоврзале. Па не можи секој да те сака. И така, да не ја вртиме и тегниме работата. Видете го видеото и следете го MIMI YUGO. Секако вервајте во она ши го прајте, сакајте го она шо го работите и бидете упорни.

.П. С. Авторот на текстот, сепакзамина да витка сарми… Да не ви е на ум реков!