Југцето на Мими продолжува да крстосува низ Македонија, а овој пат застана во Штип. Во препознатливото подвижно студио на тркала, се повози Христина Спирова, водителка на Радио 77.
Пријатна атмосфера, позитивна енергија и уште попозитивна гостинка со широка насмевка. Разговор што тече лесно, но носи силни пораки.
Спирова јасно ја постави суштината: медиумот не може да функционира без сплотен тим.
„Сè што правиме се прави со заедничка соработка и поддршка. Таа е клучен услов за секој успешен медиум,“ истакна таа.
Според неа, вистинската сила на еден медиум лежи токму во единството на екипата – во тим каде секој член ја чувствува одговорноста и активно придонесува кон квалитетно информирање. Без заедништво, медиумот ризикува да стане само „празна кутија“ – без суштина и без вистинско влијание.
Во продолжение, погледнете ја најновата епизода на YUGO.
