На македонската музичка сцена веќе некое време етаблира едно име кое со мали, но сигурни чекори брзо се доближува до целта. А целта е да се освои публиката, нели? Епа нас и тоа како не освои. Зборуваме за Дарко Гроздановски – новиот гостин во Yugo.


Приказната на Дарко сведочи за брилијантен талент со автентичен потпис. Неговата музика и стихови се авторски. А според сè што може да се види, од видеа до фотографии, Гроздановски е доследен на својата автентичност и во начинот на живот. Урбано до крај и без компромис.


Со посебен фокус кон неговите почетоци, во YUGO, Мими како и секогаш апелира за поддршка на големите музички имиња. Додека Дарко ја истакнува важноста на македонската музика. Алудира кон респектот кој треба да им го дадеме на нашите музичари и артисти нагласувајќи дека колку повеќе вистински вредности и музички имиња има, толку полесно ќе се оттурнат кичот и шундот од сцената.


Скромен, во комплетен уникум без феик… Без турбо и шунд, Дарко Гроздановски е име што ја заслужува нашата и светска сцена.
Во продолжение погледнете ја најновата епизода на Мими и заследете го Дарко Гроздановски.
