Доајенот на театарската сцена во Македонија – Петар Мирчевски во YUGO

Петар Мирчевски, доајенот на театарската сцена, гостуваше во најновата епизода на YUGO.

Петар, добро познат помеѓу битолската публика како Пепи Пивцето е актерот кој сме го гледале во многу македонски, но и балкански филмови. Зад себе остава богата кариера и успех достоен за восхит.

Со повеќе од 150 претстави, Мирчевски е еден од најангажираните актери, не само во Битолскиот театар, туку и пошироко. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и признанија за животно дело.

И покрај соработката со еминентни и светски докажани имиња од театарската и филмската сцена како Моника Белучи, Емир Кустурица… Ерик Кантона, Милчо Манчевски, Мирчевски останува верен на својата скромност и човечност.

Во YUGO, актерот зборуваше за својата животна и кариерна приказна, за професионалниот пат и за поистоветувањето со ликовите што ги толкува.

„Како Пепи не се поистоветувам и можам да не го оправдам ликот, но како актерот Пепи, морам да го оправдам за да го разберам.“

Во разговорот за човечкиот животен циклус, Пепи финишира со мотивирачки заклучок, дека животот е борба што продолжува. Нема откажување.

Човечен, скромен и брилијантен актер со плејада приказни и кариерни искуства кои можат со часови да се раскажуваат. Но, нашиот Мими, богами, „убо“ си ја заврши домашната. И овој пат, со неколку кругчиња низ битолските улици со олдтајмерот, успеа да ни ја доближи приказната за уште едно големо име од македонската театарска и филмска сцена.

Во продолжение, погледнете ја најновата епизода на YUGO.

[post_tags]