И така си врви времето. Мими си снима емисија, а ние како интернет портал „Разбуди се“, будно го следиме секое негово видео. Секој негов гостин во југото на Мими.
Си течи соработката, арно ама Мими константно инсистираше да се повозиме со југото. И никако да се кандисам, ама ете попуштив некако. Да не се разбериме погрешно, работата е шо имам трема. Страшна! И сигурно се заприметва… И откако договоривме датум (шо секако беше пример „од денес за утре“, оти пак ќе се премислев и ќе се разминевме), одма си го извајв тевтерчето и почнав да прам сценарио шо ќе се дешава во југото на Мими. Шала на страна, си рековме ај да биди поинаку, па неколку часови пред снимањето на Мими на фејсбук, му стигна пораче:
„Ти ќе се викаш Севде, а јас Трене. Ќе одиме да вадиме пасош оти дури од сега за Истанбул за 8ми Март се токмиме да уживаме. Успат во југото, ќе си пооговараме. Шо ќе ни дојди, то… (Пример ќе ја трачариме на Целе ќерка му од Пашиноровци шо дешава. ) Бај д веј, ќе носам две шамии…Мораме да имаме и костими“.
Мими фала Богу се изнасмеа и од старт си почнавме со позитивна енергија. Ме чекаше кај селската и тука пред луѓе си ги врзавме шамиите на гла, облече Мими едно волнено елече од баба ми, а јас една волнена блуза, за да изгледа поинаку демек… Па дури имавме и публика. Дека беше шоу, беше. Да не се прајме важни, ама денот му го испрајвме на луѓето…
Инаку во на Мими југото, скрос е поинаку од она што го очекував. Лабава атмосфера, без притисок. Апсолутно искулирано, си попрајвме муабет…А јас? Јас не го остајв Мими да диши и можи за прв пат гостинот појќе збораше од водителот.
Епа сега лесно беше да се изигра друг (иако тро со преглумвање беше пуста Трене), ама тешко е да се изглумиш себе си. Или… Колку е тешко да се измислиме себе си? Си поразговаравме околу одредени теми кои се надеваме ќе ве заинтригираат. Малку сериозни муабети, малку фалејнци, тро промоција и се разбира… Многу за уметноста. Лоциравме спомени за Солза и смеа и нашите соработки, за младоста… А шо дешававме понатаму, погледнете во видеото подолу. Оти тука се зазборав…
П.С. Знам значи дека многу брзо зборам…То е. Се извинувам… За крај уште еднаш, ќе потсетиме! Гледајте го Мими и читајте Разбуди се. Уживајте и да… Ајде да гледаме дека чашата е полу полна, доста е од полупразна!