Понекогаш и не сме свесни за часовите, за деновите, за животот кој минува покрај нас, понекогаш без или едвај да го забележеме.
Понекогаш не сме баш свесни и колку е апсурдна оваа реалност што ја живееме, перцепираме, џвакаме. Ја убиваме ние или не убива таа оставајќи ни го на располагање нејзиниот дрес код – апсурд костум и црна вратоврска. Живееме во кафез, а птицата ја советуваме да одлета. Брзаме за други, играме за други, се жалиме на било која позиција и никогаш не сме задоволни од она што го имаме. На крај, се будиме и се мислиме која маска да ја ставиме денес. Онаа насмеана, онаа тажна или онаа рамнодушна?
Погледнете ги фотографиите подолу во текстот и сфатете го, за жал, апсурдот на она што мислиме дека умееме, а и веројатно баш „ТОА“ не умее нас!