Ало Дедо Мраз, Цјеље ропако на лињија!

Аљоо?! Дедо Мраз… Деде Мраз ти си да му ја операм? Слушви ваму. Ова година чисто двојче бевне. Се трудевме со се сите субвенции шо ни ги испрате при помош и со сите пари за макијавата на ,,Биди виден” корзоно.

Јаска како троа посмирисан хулиган, ќе те замола уште нешчо Дедо Мраз. Ако мојш да ми пратиш три миљони евра да курдисам едно станче шо го имам напалкано. Та да речА љуѓето еве уше овај ропако валеше да ни го зацапа градо. Иначе, да реча дека бев Вер, беФ. Со жената куртуљно, со децата исто. Како со жената така и со љубовницата.

Али деде, азно за ногу ногу матосвање по кафиќи и виска во оваа Вондерленд не стигвит тука. Па ќе ти велев…односно се замислив и се премислив.

Дедо Мраз

Деде Мразу… ти глеј пушчи и тие елените, та да ги навјасам јас убо и да му ја киднам од тука. И ќе ти предупредвав (ко на пријател), псс пази со то сјаличките ногу ногу не ги пуштај на скапа сруја, ќе ми те сакатат овде од ЕВН. Ако имаш нешто да пријавиш порано да се прослави Нова Година, ела си тука. Ќе прославиме и летаме.

Кај нас побрзо се прославиве. Со тимО шо победвит, без тимО, со сакани, несакани…Све на дестче со кромид е Врлено!

Многу на арч се врливме и возбуда, па како прави хулигани (оти то мОдерно је) се врливме на петарди и огнени оружја…

Аљо?

Ме слушаш деде Мразу? …

Не бре поштовање. На кој?

А?

На царина? Мојш да поминиш субо кај нас. Врли му евреј за тебе и за рогојте од еленине и одма шверц на шо сакаш прајш.

Мољим?

Ќе ни треба да. Доста се кољиме на фејзбуков. Дај по еден пишчољ и све да се истај од туа. Со се црвено-црно исвје то. Иф ју гет ми. Ама деде мене аман истреби ме од тука. Жити мене. Ќе ти варам кафе секоја ден. Слуга ќе ти бидам бетер од тие џуџлаците смешни. Шо ти е ти…работаме нија не играчка. Аморе ТВ ќе ти прицкам на даљинското, сам да не се мачиш. Гаќи, мајци, се ќе ти перам. И нозете в леѓен ќе ти ги мијам. То црното од под нокти ќе ти го вадам и петиците со засил ќе ти ги тријам. Само истај ме од тука!

Аљо… Дедо Мразууу! Аљоо! …

„Почитувани лицето што го повикувавте е надвор од мрежно покривање или можеби е само за вас недостапно…ЗАСЕКОГАШ! тиит тиит тиит…“

И Дедо Мраз не не тркала појќе!

Сите ликови на колумните во рубриката „Битолски муабети“ на Разбуди се се измислени.