Како навистина изгледа Дедо Мраз? Научниците го открија најреалниот приказ на неговото лице. Реконструкцијата беше направена врз основа на фотографии и ренгенски снимки од скелетните останки на светецот Свети Никола.
Свети Никола бил епископ од 4от век и тајно делел подароци, носејќи радост во сечие срце. Светецот, кој се упокоил во 343 година, бил грчки епископ во Мира. Градот, сега познат како Демре, лежи на јужниот брег на Турција. Оставал тајни подароци, како ставање парички во чевлите, што довело до тоа да стане модел за тоа како изгледа Дедо Мраз.
Неговите мошти лежат во катедралата во Бари, Италија. Сликата што е создадена е направена со помош на систем на реконструкција на лицето и 3Д интерактивна технологија од лабараторијата за лице на Универзитетот Џон Мурс во Ливерпул. Професорката Керолин Вилкинсон акцентирала дека сликата се заснова на „сиот скелетен и историски материјал“ што е достапен.
Во истоимениот приказ, биле користени најсовремени анатомски стандарди. Tурски податоци за длабочината на ткивото и технички GGI(глобална иницијатива за геном), посочува професорот.
Во сликата се вклучува скршениот нос на на Свети Никола , за кој професорката нотирала:
„Пораснал асиметрично, давајќи му карактеристичен изглед на лицето.“ Скршениот нос сугерира на бунтовник.
Сепак, Дедо Мраз не е бунтовник без причина. Неговиот бунт, како форма на отпор, наспроти сите други кои не се сетиле да подаруваат без возврат, го промени светот и донесе семејна радост. Можеби и се сетиле, но не го направаиле тоа. Првата асоцијација за Дедо Мраз е дарување без калкулација, радост и семејна традиција на планетарно ниво, каков и да е неговиот научно-рееалистичен приказ.