На 11 април (четврток), со почеток од 19 часот, во културниот центар „Јадро“ ќе се одржи промоција на книгата„Љубов во топка“ ,која е седма книга на Ана Јовковска, нејзина втора илустрирана книга за деца, во издание на „Едиција светулка“.
Илустрациите се на Иванка НиБа. Промотор е Владимир Мартиновски. Тоа е интерактивна илустрирана книга за деца од претшколска и раноучилишна возраст што го обработува проблемот на врсничкото насилство.
Фото – print screen – you tube
– Живееме во грубо време, во свет што е преокупиран со профит, работа и заработувачка, напредок, технологија. – ќе рече Ана Јовковска за интерву за дневниот македонски весник „Нова Македонија“ кое можете да го прочитате тука. Ана мпонеѓу редовите, таму поентира:
„Сето тоа го стеснува просторот за блискост меѓу луѓето и децата и времето за игра. Многу дразби, многу информации, многу шум, а малку суштинска комуникација и смисла. Посакувам децата да имаат можност да учат од нас возрасните дека треба да пораснат во емпатични и одговорни граѓани. Да живеат во свет во кој добрината нема да се смета за демоде. Во општество во кое нема да се „лактаат“ и газат за да успеат. Посакувам да создаваат вистински другарства и да живеат во средина во која љубовта е на прво место.“
Текстот е превземен од antropol.mk