Дедомразовска фото треска! Да ја разбудиме предновогодишната еуфорија
Многумина ќе речат дека е веројатно рано, но според нас никогаш не е рано да се чувствуваш празнично. Веројатно и сончевите денови и топлото време кое не е баш карактеристично за Ноември си го прават своето. Многумина се запрашуваат дали навистина на прагот ни е зимата. Климатските промени си го направија своето, па се некако сме збунети и околу прашањето: A Дедо Мраз? Kога ќе дојде? Постои ли сеуште предновогодишната еуфорија?
Ова се разбира нaјповеќе се однесува на помладата публика. Или можеби најмладата. Минатата година децата го чекаа големиот чичко со голем стомак и бела брада, да прошета низ снегот, но тој „дојде“, а снегот никако. Сепак и покрај временските услови, не смееме да си дозволиме да ја уништиме магијата. Особено нивната. Како инспирација, погледнете ги овие „дедомразовски“ фотографии (честитки) и започнете со предновогодишна треска која верувајте ќе ги фасцинира најмладите и ќе донесе среќа со празнично расположение во домот.
Започнете да се подготвувате. Барајте идеи за новогодишни декорации, украси и да… Пратете им честитки по пошта на вашите најмили. Изненадете го семејството и пријателите со подароци и секако потсетете се на хуманоста и на тоа колку е убаво да се биде човек и да се живее на ова место. Доаѓаат божиќните празници, а ние веќе ја разбудивме предновогодишната еуфорија.