И на кинезите ништо не му се погодва! – Решение за поспани шофери

sofer шофер

И фала Богу, уште една кинеска иновација: Решение за поспани шофери

За да ги спречат возачите и сите шофери да заспијат над воланот, властите во Кина загрижено истакнаа идеја. Се поставија ласери на автопатите кои се направени во обид да се подобри сообраќајната безбедност на патиштата.

„Снимката од автопатот Кингдао – Јинчуан покажува многу светли ласерски светла кои полека трепкаат и ги менуваат боите за да го привлечат вниманието на поспаните возачи и да ги спречат да ги затворат очите, со што се намалува ризикот од сообраќајна несреќа.“ пишуваат српски медиуми.

Меѓутоа видеото кое ја прикажува оваа иновација, предизвика многу различни коментари и поделени мислења. Меѓу нив, еден коментар потенцирал: „Ова ќе ме заспие откако ќе се навикнам на тоа.“ – Изгледа и на кинезите не му се погодва ништо.. Ако не прајш оти не прајш…Ако прајш зошто прајш.

Други пак се пожалија дека се премногу светли. И тоа би имало погрешен ефект. Не само што ќе ги разбудат, туку и ќе им го заматат видот и неа да имаат прегледност на патот.

„Чија е брилијантната идеја да ги заслепува возачите? Секоја чест, оние на кои не им се спие сега се дезориентирани“, е коментарот на уште еден од револтираните шофери.

заспани шофери
шофери