Адидас е вториот најголем производител на спортска облека во светот зад Најк и е прв избор за многу спортисти.
За разлика од другите брендови, Адидас продолжува да користи повеќе од едно лого.
Заедничко за сите логоа и моментално препознатливо средство за визуелен идентитет, се познатите три паралелни ленти на брендот. Исто така, конзистентно низ логоата е тоа што името на брендот започнува со мала буква „а“, што симболизира широко достапна секојдневна облека.
Обликот на планината со логото на Адидас претставува надминување на предизвиците
Верзијата „планинска“, се користи за спортска линија и се вели дека претставува предизвици што треба да се надминат со фокусирање на крајната цел, без разлика на се.
Логото „trefoil“, замислено како логото на цвеќето, се користи за оригиналната линија на брендот, која сè уште се произведува денес.
Најпосле, „глобус“ верзијата на логото се користи за секојдневната стилска линија на Адидас.