Фестивалот на Малата Школа на Краткиот филм во Битола!
Фестивалот на Малата Школа е филмски фестивал наменет за учениците од основните училишта. Тој е дел од акциите за едукацијата на сликата (филмска писменост) и откривањето на кинематографската уметност. Истите ги спроведува француското здружението Aј Aј ВО/ Меѓународниот филмски фестивал Нанси, во текот на целата година.
Во Франција, годинава се одржува 19-то издание на „Le Festival de la Petite école du film court“. Додека во Битола ќе го има своето трето издание.
Овој настан е покана за откривање на оригинални филмови. Забавни и во исто време со едукативна функција, проекциите се проследени со размени со учениците за да ги поттикнат да зборуваат. Да им овозможат да ги изразат своите чувства, емоции. Ги поттикнуваат да направат чекор назад од сликата воопшто. Да поттикнат и да го развиваат своето критичко размислување, истовремено подигајќи ја нивната свест за кинематографската уметност.
Програмирани за Фестивалот на Малата Школа, се кратки филмови.
Тие се прилагодени на возраста на учениците, разновидни по нивните форми (анимирани филмови, фикција, документарци, експериментални). Обработените теми и нивното географско потекло, секогаш во оригинална верзија се титлувани на Македонски јазик. Времетраењето на и дискусиите по проекциите, водени од директорката на Фестивалот Бландин Брунхес-Гламчевски, е прилагодено на возраста на публиката.
На младите им се нудат филмски дела кои ретко се емитуваат надвор од професионалните фестивалски кругови. За Битола се предвидени три програми. За ученици на возраст од 9 дo 11 години и за ученици на возраст од 11 до 14 години. Во известувањето, се вели дека за прв пат годинава, на средношколската публика ќе и бидат претставени и кратките филмови. Имено, тие се избрани и наградени од нивните врсници од Нанси за време на 29-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси, со кој претседава од 2013 година македонскиот новинар Тони Гламчевски.
Фестивалот од Нанси со својата делокализација во Битола промовира ширење на кинематографската уметност и пристап до културата за сите. Мисија која е блиску до срцето на целиот наставен тим на La Petite École du Film Court.
Која во текот на годината организира работилници со цел за нивна обука за подигање на свеста за слики и звук. Органзиирани се и работилници за програмирање, училишен фестивал, сесии на млада публика на Меѓународниот филмски фестивал во Нанси. Сесии за гледање пред селекција со средношколци, со возрасна публика, средношколско и студентско жири, состаноци со кино професионалци, проекција -дебати со разни публика, здруженија и во затвори итн.
Фестивалот ќе се одржи од 30 октомври до 3 ноември 2023 година во рамките на програмата за одбележувањето на 4-ти Ноември – денот на ослободувањето на Битола. Сите проекции се бесплатни и се одржуваат во НУ Центар за култура Битола, партнер на фестивалот се Француската алијанса од Битола и Француското конзуларно претставништво во Битола, а предвидени се и две делокализирани проекции за учениците во основните училишта вo Новаци и Бач. Неговата реализација финансиски е помогната од Општина Битола и Францускиот институт – Скопје, како една од акциите за ширењето на франкофонската култура и францускиот филм во Македонија.
Свеченото отворање на фестивалот Фестивалот на Малата Школа, ќе се одржи на 30.10.2023 год. во малата сала на НУ Центар за култура Битола, со почеток во 18:00 ч.