Мала историја за феноменалните италијански лазањи, секако би била добродојдена за љубопитните читатели:
Лазањите потекнуваат од италијанската кујна, поточно од Емилија-Ромања и Ломбардија, Северна Италија. Тие се традиционално италијанско јадење составено од квадратни или правоаголни листови од тесто. Тестото на италијански лазањи, е направено од јајца, брашно, сол и вода. Листовите – тесто, популарно се нарекуваат „пастичио“ и се користат во слоеви за да се состави лазањата. Овие листови имаат и уште едно име -„ласагни нудли“. Апсорбираат разни сосови и состојки како рагу (сос од мелено месо, зеленчук и зачини), бешамел сос и сирење.
Најпозната верзија на лазањите се лазањите болонезе кои вклучуваат рагу од млеко и говедско месо.
Откако ја заокруживме историјата, преминуваме на изборот-рецепт. Погледнете го видеото, а доколку нешто не ви е баш јасно, прочитајте го подолу рецептот и движете се постапно. Чекор по чекор до совршено италијанско кулинарско задоволство што навистина се топи во уста!
Овој рецепт го објави инфлуенсерката Марија Мазалин на својот Инстаграм профил.
-маслиново масло(по желба)
-2 чешниња лук
-500 гр мелено месо
-400 или 500 гр доматен сос по избор
-лазања (7-8 листови)
-100 гр моцарела
Начин на подготовка:
На самиот почеток загрејте го маслото, намалете го огнот и пржете го ситно исечканиот кромид десетина минути. Три а минути пред крајот, додадете го сечканиот лук.
Додадете го меленото месо и варете го 5-10 минути на тивок до среден оган. Повремено промешувајте на намален оган и варете подолго време.
Измешајте го доматниот сос со 400 до 500 мл. вода.
Покријте, ставете на полесен оган (за постојано малку да крчка) и варете 10-15 минути; повторно, повремено мешајте да не се залепи на дното и да не изгори. Концентрација , на висок левел!
Отстранете го капакот и сега оставете го да врие додека не испари поголемиот дел од течноста, мешајќи.
Пробајте ги тестенините и ако случајно не се сварени, а во нив нема доволно течност за готвење – додадете уште околу 200мл вода и динстајте додека не се сварат.
Тоa е сѐ. Се надеваме ви успеа рецептот. Ако е така, уживајте и пријатно. Ако не успеа, обидете се повторно додека не успее. Повторувањето е мајка на знаењето, особено во кујната.