Единствениот фестивал на забавна музика кај нас „Макфест“, годинава го има 38то издание. Двократниот победник од (2003 и 2015), Бојана Скендеровски ја збогати сцената со перфектната изведба „Да те немам“. Насловите на нејзините претходни песни беа „Немам одбрана“ и „Диви цветови“.
Карактеристично за новата песна на Бојана Скендеровски е тоа што истата е брза, клупска песна во аранжман со потпис на изведувачот. Текстот е дело на Робин Зимбаков.
„Песната е во малку поинаков стил, но некако сакав на мојата публика да и приредам мало освежување , а воедно сакав да донесам и нешто ново и поразлично и во мојот репертоар.“ – нагласува Скендеровски. Она што таа го нагласи, е нејзина реализација. Успеа да ја манифестира првичната замисла инспирирана од романот „Дилбер Стана“ на Стале Попов.
Нејзината гардероба соодејствуваше со приказната од романот, а за неа се погрижи Ивана Кнез. Бисерите, особено ја симболизираа трансформацијата од „зрно песок заробено во школка до блесок на бисер“ , исто како копнежот во „Дилбер Стана“ кој се преобразува во волшепство.
Скендеровски продолжува со работа. Тука е и солистичкиот концерт „Македонијо во срце те носиме“. Повторно напролет ќе уживаме со нејзините инспиративни изведби.
Имено, Стале Попов (25 мај 1902 – 10 март 1965) бил романсиер, македонски раскажувач. Во ракопис остави величествен печат и богато литературно наследство (раскази и романи). Попов зборува за автентичноста на писателите и талентираните автори на нашата територија.