Живее на село и се занимава со сточарство – Како треба да живеат тинејџерите?

сточарство тинејџери

Пример ли е оваа девојка за тоа како треба да живеат тинејџери те? – Наместо урбаниот свет,таа одбра да се занимава со сточарство

Живот на село или град? – За ни едни пари младата Марија никогаш не би ја напуштила Славонија. Имено оваа госпогица, наместо урбанит свет, технологијата, мобилните телефони, одбра да живее сосема поинаку. Се занимава со сточарство, а нејзините врсници тинејџери не можат да ја разберат.

Веројатно тотално би се изгубиле во нејзииот свет. Дали воопшто би профатиле да се занимаваат со сточарство? Што е всушност нормалното? Како треба да живеат едни тинејџери?

сточарство тинејџери

Оган, вода, стока и земја. Во суштина ова е сѐ што му треба на  24 годишната Марија Круљац од селото Владиславци кај Осиек. Таа секое утро се буди во 4 часот наутро и со задоволство се движи низ денот.

„Не знам како е во градот но можам да кажам дека е доволно убаво овде што никогаш не сум размислувала да заминам.“ – вели таа, а ние сепак би се запрашале дали пак можеби на оваа млада девојка ќе и се допадне животот на нејзините врсници тинејџери кои живеат „урбано“, далеку од она со кое таа се занимава, сточарство.

stocarka
сточарка

Само кога ќе ги погледнете фотографиите со нејзината насмевка  што ги пронајдовме на веб-страната, zadovoljna.rs, потпишана од авторот Лина Шаги, во тој  неодоливо привлечен  рурален амбиент (сено, зеленило, животни, отворено сино небо) ќе знаете за што зборува таа.

Таа всушност, гради вистинска мала сточарска империја во природните убавини на Славонија. Уште кога имала 15 години,  знаела да ги храни животните, да се грижи за нив и да им дава лекови ако е потребно. Љубовта кон животните ја довела во средно ветеринарно училиште со цел да го верификува и онака веќе стекнатото потребно знаење во врска со омилените суштества. Нејзините родители го носат тој порив и веројатно таа страст се пресликала и во неа.

Започнале во мала трошна штала со само 12 јуници, а денес на нивната фарма има околу 140 животни од различна возраст. Марија  има и  домашно милениче, грациозна крава, Аурора, која се истакнува по својата смиреност, но и по својата доминација. Интересно е што кравите ги препознаваат своите сопственици и што се многу социјализирани животни. Тие  можат да имаат и најдобар пријател од шталата. Токму затоа го фасцинираат младиот сточар.

тинејџери
tinejdjeri
stocarstvo

„Секогаш има простор за подобрување во овој бизнис.“- вели Марија. Пред шест години, мајката на Марија дошла до генијална идеја. Почнала да го преработува млекото во полутврдо варено сирење, а по бројни едукации, ова вредно семејство почнало да произведува  и домашни јогурти. Во таа смисла, Марија заклучува: „Има многу можности  во селата. И да згасне економијата денес или утре, верувам дека ќе се создаде некоја друга можност што ќе ми го обезбеди животот .“