Најбараните Живанши чизми, сега и во Zara и во Bershka
И само што си мислевме дека нема што да се измисли ново и дека можеби тука е крајот на инспирацијата, модниот свет уште еднаш стои како потсетник дека тој никогаш не застанува. Всушност во овој моден универзум, работата никогаш не застанува и креативноста е секогаш присутна. Апетитот кон создавањето уметност, во случајов чизми како аксесоар секоја година е различен, а оваа есен 2023 мораме да признаеме но дизајнот на најбараниот модел, нам навистина ни се допадна.
High street трендовите се инспирирани од светски познати луксузни брендови и креираат модни производи кои се слични по дизајн и стил, но по достапни цени. Givenchy е репер на луксузен моден бренд. Најбараниот модел на чизми од Живанши, Shark Lock Boots е присутен и оваа сезона.
Имено дизајнот на овoј модел е прилично иновативен и смел. Нивниот шарк затворач (катанец) можеби е заслужен за тоа. Минатата сезона модната куќа Живанши ја лансираше линијата Shark Lock.
Тие брзо станаа хит а сега Zara и Bershka лансираа нови колекции . Познатите веќе ги носеа овие чизми. Можеби и ние, оваа есен ќе ги носиме. Малку смел и поинаков стил би бил добредојден. Зошто да не?!
За некои можеби овој модел изгледа премногу футуристички, но за повеќето дизајнери е совршен новитет кој руши модни бариери и станува стилски избор за секоја жена.