Групата SMUT, основоположникот на македонската металкор (спој на хард рок и хеви метал), објави новo видео со кој го претстави синглот „ЕДЕН ДЕН“.
Новото видео го режираше Владимир Митревски – Ѓуле, чие име е потпишано зад сите спотови на SMUT. Ѓуле е човекот кој го прави изборот во врска со тоа кои песни ќе добијат видео запис. Балерината Мила Ниновска, одлично ја донесе пораката на замислената идеја на режисерот. Главната тема е загубата со епски карактер на тага и празнина.
„За нас празната голема соба не беше доволно празна за да ја опишеме празнината на нашата загуба…“- велат од групата SMUT.
SMUT егзистира на хардкор/металкор музичката сцена со пет култни студиски албуми. Европа го препознава квалитетот. Возвраќа со аплауд. И новиот видео запис анимира аплаудирање . Објавен е во аудио формат на 3ти мај годинава . Два месеци подоцна премиерно е изведен во живо на „Д фестивал во Дојран.“
Имено, за бендот е запишано: „SMUT (се чита: Смат) е македонски хардкор бенд од Скопје. Групата е формирана во 1996 г. од страна на вокалот Ѓорѓи Иловски, тапанарот Благоја Антовски, басистот Дарко Најдовски и гитаристите Дејан Николовски и Горан Ристевски, кои воедно се членови и до ден денес. Во нивното 17-годишно опстојување на музичката сцена успеале да изградат верна група на обожаватели и почитувачи на нивниот музички стил ширум Македонија.“