Понекогаш и црната е среќна боја – Стилски модни решенија за блескаво издание во црно

црната боја

Како симбол на нешто лошо, негативно или депресивно расположение, црната боја често не се практикува во модниот свет. Некако сите ја избегнуваат (всушност) нејзината ексклузивност. И веројатно, го гледаат само црното. Но, зошто да не ја сфатиме таа модна „политика“ малку поинаку. Дајте му шармантност на црната боја и комбинирајте смело. Романтично и сепак кежуал. Црната е елеганција, гламур, мистериозсност, па дури и страст.

црна боја

Ние ги одбравме црните раскошни здолништа од тул, чипка или некој друг материјал. Ексцентричното е што истите можат да се комбинираат со она што до пред некое време беше невозможно да се спои. Но, токму тоа е интересното за оваа боја. Можете да ја комбинирате со сѐ! Како сакате и каде сакате! А како гледате на неа? Тоа зависи и од вашиот „mindset“ драги!

црна боја аутфит