Диоген Хаџи Коста Милевски беше гостин во емисијата од серијалот кратки видеа за Офф програмата на ИФФК „Манаки“ 2023 во југото на Мими
Во серијалот кратки видеа за Офф програмата на ИФФК „Манаки“ со Мими во југото се повози Диоген Хаџи Коста Милевски. Познат фотограф битолчанец, пред сѐ, уметник. Неговите фотографии се навистина мевлем за око. Како што тој понатаму раскажува во интервјуто и разговорот со Мими, голем е предизвикот да се занимаваш со оваа професија.
„Предизвикот на фотографирањето е раскажувањето на приказната!“
Така вели Диоген нагласувајќи го моментот дека зад креирањето на најубавите приказни, стои поголем тим.
Имено Коста Милевски, веќе шеста година е официјален фотограф на овогодинешното издание на Интрнационалниот филмски Фестивал. А за работата таму, ќе каже дека e големо и вoзбудливо искуство. Можност да запознаеш легендарни имиња од филмската уметност. Додека фотографот лови кадри од нив, го проучува нивниот карактер. Според фацијалната експресија, се доловуваат емоциите. Така преку фокусот на апаратот, моежеби до некаде се открива и нивниот темперамент. Се оформува една поблиска слика до приказната што стои зад таа личност. Диоген, меѓу другото, како најголем предизвик, ги издвои миговите кога се трудел да долови кадри од светски прочуениот настан Илинденски Денови, а ние како публика навистина би рекле дека се воодушевуваме на неговиот уметнички дострел.
Да не должиме многу, погледнете го ислушајте краткото видео кое зборува за приказната на нашата Битола, овој пат низ окото на фотографот Диоген Хаџи Коста Милевски.
Ние, би завршиле со цитат од Алфред Штиглиц: „Фотографијата е толку суптилна реалност што станува пореална од реалноста.“