Салата од авокадо и јаболко – Задолжително се консумира во убаво расположение

Дајте му боја на секоја чинија и создадете живот во секој оброк. Во овој контекст, зборуваме за здравата исхрана и Ви нудиме рецепт за една витаминска салата, свеж рецепт кој ќе ве наполни со енергија.

За оваа витаминска салата

Потребни состојки:

  • Eдно авокадо,
  • Еден црвен кромид,
  • Две јајца,
  • Едно кисело јаболко,
  • Една главица зелена салата,
  • Конзерва од туна,
  • Една црвена пиперка,
  • Неколку црни маслинки

За дресинг:

  • Сол,
  • Сок од половина лимон
  • Триесет милилитри маслиново масло.

Подготовка:

Сварените јајца се се сечат на четвртини и заедно со сецканата салата, јаболкото, авокадото, црвената пиперка и исцедената туна се мешаат во стаклен сад за да биде видлива убавуната на зеленчуковата боја. Се прелива со дресингот и се консумира во убаво расположение.