Научниците од сношти чекаат одговор од вонземјани – Ете и то дочекавме!

вонземјани

Научниците сношти чекале одговор од вонземјани!

вонземјани одговор

Една информација од медиумот Канал 5, соопшти дека од вчера вечер научниците чекаат одговор од вонземјани на порака испратена пред 40 години.

Имено, пораката до вонземјаните, била пратена од страна на професори (по наше даскали). Масаки Моримото и Хисаши Хирабајаши од Универзитет во Калифорнија биле имињата кои се заинтригирале околу оваа „проблематика“.

„Здраво има ли некој таму?“ – гласело прашањето. На 16 Август 1983 „овие нашиве“ упатиле прашање до ѕвездата Алтај која е оддалечена од нашата „Чудесна земја“ 16, 7 светлосни години.

Интересен е фактот што ние луѓето сме им нацртале и цртежи во кои им ја објаснивме историјата за животот на Земјата. Како од нула стартовавме и што сме денес?

Наше е да си кажиме дека ако продолжевме со цртежи, тешко дека ќе не разбереа? Ваљда дури тогаш ќе дојдеа на помош. Два тројца вонземјани белким ќе ја средат работата ако дојдат…Или не?

Нашето прашање е: Здраво, дали сте вие вонземјани или ние?

Целосниот текст и информацијата прочитајте ја тука. А во продолжение погледнете како и американските медиуми дискутираат околу ова прашање.