Доколку кежуал е вашата ,,удобна” зона и онаа во која се пронаоѓате, тогаш сте на вистинското место.
Во ова комфор модно ќоше од вашиот плакар, се чувствувате најудбно и токму тука е местото во кое вие сте живи, секогаш расположени и задоволни од модниот избор. Едноставно знаете дека токму овој ,,дрес код” ве претставува вам.
Маичка, џинс, едноставни чевли, патики или плус високи потпетици е секогаш онаа кул варијанта. Но, над сето тоа кога ќе додадете и блејзер веднаш добивате елеганција и тоа во удобното.
Во продолжение, погледнете неколку стилски решенија.
Џинс плус маичка плус блејзер со зебрест принт и жолти чевли како афтентичен финиш кој одговара со жолтиот детал на горниот дел.
Штосна маичка или кошула плус џинс во фантастична комбинација со црвен блејзер.
Бела кошула во комбинација со хеланки, кариран блејзер и евергринот наречен стартки. Полн погодок.
Блејзер во мастило боја за поинтензивен ефект.