Од денес „Разбуди се“, соработува со Кумба. Познатиот актер од театарот „Солза и смеа“, шоумен, работи на монтажа, сценарист и што уште не… Кумбата меѓу другото си има и хоби и е страшно феноменален готвач. Зборуваме од искуство, затоа што многу пати ја имаме пробано неговата кујна. Во еден разговор, Никола Тргачевски – Кумба, ни откри дека готвењето е негова пасија, ужива во различни рецепти, сака да експериментира и се разбира дегустира. А како што вели во видеото подолу , можеби најповеќе ужива во финишот сервиран на маса.
Љубовта започнува од храната. Човек што знае да се однесува во кујна, знае како и со животот. Оној кој знае да креира гурманска посебна приказна, со доволна пикантност, знае да го зачини и животот. Со убави моменти и многу позитивна енергија.
И да не должиме многу, во продолжение погледнете како Кумбата ја прави највкусната совршена пица со најфункционалната Hedra Oven. А нешто повеќе за Hedra Oven, слушнете во видеото.
„Chi Mangia Bene Mangia Italiano“