На 12 март 2026 година во организација на Мкедонското научно друштво – Битола, во НУУБ „Св. Климент Охридски“ се одржа трибината со наслов „Енергетска еволуција: Решенија за денес, визија за утре“.
Свои презентации на трибината имаа проф. д-р Наташа Мојсоска од Технички факултет Битола, директорката на Регионалниот центар „Ѓорѓи Наумов“ д-р Жанета Сервини, советничката за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во Општина Битола м-р Емилија Сарафска, како и двајца апсолвенти на Техничкиот факултет – Борис Гушевски и Меланија Илова.
Секој од говорниците, од свој аспект ги објасни придобивките од веќе реализираните проекти за енергетска ефикасност и поставените фотонапонски електрични централи, како и идните планови и можности на територијата на општина Битола.
Покрај присутните гости од областа на образованието, РЕК Битола и истакнати членови на МНД, особено значајно беше присуството на голем број млади лица чие образование е поврзано со енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија кои имаа проактивно учество на трибината и покажаа огромен интерес за темите кои беа дел од трибината.
Трибината беше дел од годишните настани на Одделението за технички науки, а се одржа по повод 5 Март, Светскиот ден на енергетската ефикасност.











