Изложбата „Битолска меморија“ ќе ја отвори својата врата на 4 ноември

Во чест на Денот на ослободувањето на Битола, 4 ноември, Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Македонското научно друштво – Битола, Cultural Connection, Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Бабам Битола, организираат отворање на изложбата „Битолска меморија“.

Изложбата е посветена на архитектонските приказни на Битола. И преку книги, периодични списанија, фотографии и зачувани урбани фрагменти, ги прикажува тивките слоеви на градот. Секоја фасада и секоја улица носат свој спомен. А посетителите ќе имаат можност да се потсетат на значењето на негувaњето на културното наследство.

izlozbata-bitolska-memorija
Изложбата „Битолска меморија“ ќе ја отвори својата врата на 4 ноември

Битола е позната како град на книгата и пишаниот збор, со богата историска и културна длабочина. Градот го чува духот на културата, знаењето и трајноста на човечката мисла, врежани во деталите на архитектурата и урбаните простори.

Отворањето на изложбата ќе се одржи на 4 ноември во 12:00 часот, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола. Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да ја посетат и да ја доживеат оваа визуелна приказна на сеќавање и почит.

[post_tags]