Мобилни тимови за бесплатна правна помош ќе посетат неколку градови во земјата

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со Управата за водење на матични книги, Министерството за дигитална трансформација и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, започна пилот-иницијатива за обезбедување бесплатна правна помош. Помош преку мобилни тимови кои ќе функционираат во Скопје, Битола и Штип.

Правна помош бесплатна

Мобилните тимови ќе бидат достапни во подрачните канцеларии на Управата за водење на матични книги. Таму граѓаните ќе можат да добијат информации и правна поддршка за различни административни и правни постапки. Иницијативата има за цел да го олесни пристапот до правда, особено за лицата кои потешко доаѓаат до правна помош.

Проектот претставува заеднички напор на повеќе институции за унапредување на владеењето на правото и дигиталната трансформација на јавните услуги. Според организаторите, ова е првпат ваква форма на мобилна правна поддршка да се спроведува во земјата.

Пилот-програмата ќе трае до декември 2025 година, а распоредот на посетите на мобилните тимови по градови ќе биде објавен во календарот на активностите на Управата за водење на матични книги и партнерските организации.

[post_tags]