Што се вести и кој ги креира? Научи повеќе од Видео курсот за медиумска писменост – Едукативно видео број 2

Што се вести и кој ги креира? Научи повеќе од Видео курсот за медиумска писменост – Едукативно видео број 2

Што се тоа вести? Кој ги креира вестите и зошто? Како да знаеме кому да веруваме? Научете повеќе од видео курсот за медиумска писменост продуциран во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“. Учете online и добијте сертификат за успешно положен тест за медиумска писменост на платформата medialab.mk.

Вториот дел од видео курсот за медиумска писменост можете да го следите на линкот ТУКА или на видеото во редовите што следат.

Видео курсот се состои од пет едукативи видеа. Откако ќе ги проследите можете да го тестирате вашето знаење преку тест програмата на medialab.mk и да добиете дигитален сертификат за успешно положен тест.

За нови едукативни содржини и обуки за млади следете ја Младинската медиумска лабораторија.

Видео курсот за медиумска писменост е продуциран во рамки на проектот „Младинска медиумска лабораторија“, кој го имплементира граѓанската организација „Граѓански Патеки“ во партнерство со здруженијата „ИКТ Свет“, „Журналист“, „Од млади за млади“, „Младинска Граѓанска Акција“ и „Еко герила Преспа“.

Активностите се спроведуваат во рамките на регионалната програма „Нашите медиуми: Акција на граѓанското општество за поттикнување на медиумска писменост и активизам, спротивставување на поларизацијата и промовирање на дијалогот“, која се имплементира со финансиска поддршка на Европската Унија од партнерските организации СЕЕНПМ, Албанскиот институт за медиуми, Медиацентар Сараево, Советот за медиуми на Косово, Црногорски институт за медиуми, Македонски институт за медиуми, Новосадската школа за новинарство, Мировен институт и Бианет.

[post_tags]