ВИДЕО: Не ѝ е гајле за палестинските деца – Контроверзна израелска лидерка со скандалозна изјава

ШОКАНТНО ВО ЖИВО: Израелска населничка ја оправдува смртта на над 20.000 палестински деца!

Во емисијата Piers Morgan pUncensored, светот беше сведок на вознемирувачка изјава од израелската лидерка на доселеници Даниела Вајс. Таа без ни трошка емпатија зборуваше за масовните жртви во Појасот Газа.

На прашањето како се чувствува за убиството на повеќе од 20.000 палестински деца од 7 октомври наваму, Вајс одговори со ладнокрвна порака: „Сите Арапи треба да престанат да го напаѓаат Израел,“ додавајќи дека „родителите треба да внимаваат што ги учат децата – дали ги учат да мразат Евреи.“

Водителот Пирс Морган не се откажуваше, неколкупати прашувајќи дали навистина не ѝ е грижа за детските животи. На крајот, заклучи: „Не ѝ е гајле. Сè што сака е да го преземе Западниот Брег и Газа – по која било цена.“

Овој разговор покрена бран реакции низ светот, отворајќи го прашањето: Колку далеку може да оди идеологијата кога човечките животи – особено детските – стануваат „колатерална штета“? Во продолжение, погледнете го видеото што предизвика бура од реакции и загриженост во светот.

[post_tags]