40.000 луѓе во 16 минути молк во знак на солидарност! – EXIT испрати силна порака

40.000 луѓе во 16 минути молк во знак на солидарност – EXIT испрати силна порака: „Вие сте генерацијата која го менува светот!” Вечерва пристигнуваат The Prodigy… HS82, Eric Prydz, Lorenzo Raganzini b2b Paolo Ferrara и многу други

Јубилејниот EXIT започна посилно од било кога! Првиот ден на фестивалот помина во знак на еден од најемотивните моменти во неговата историја. Во најгласната тишина која било кога е забележана на Петроварадинската тврдина, 40.000 луѓе на Exit, молчеа 16 минути… Оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад. Првата вечер фестивалот го обележаа Gala, Tiësto, Bob Geldof и The Boomtown Rats, Amelie Lens, Nina Kraviz и Yousuke Yukimatsu.

Увертирата во историската ноќ ја приреди легендарниот музичар и борец за човекови права Bob Geldof и The Boomtown Rats со силната порака од Главната и најголема бина на фестивалот:

„Стоиме со иднината, со Србија!”

Токму таа иднина го инспирираше и Henry Ammar кој испрати силна порака до сите присутни:

Ова е генерацијата која ќе го промени светот, Генерација на љубовта, Генерација на мирот, Генерација на вистината. Вие ќе го промените светот!” Во моментот кој влезе во историјата на фестивалот, Петроварадинската тврдина стана место на најгласната тишина. Неколку десетици илјади луѓе со шестнаесетминутна тишина ја испратија пораката за солидарност ширум планетата.

По силната тишина, на бината излегоа студентите кои беа дочекани со овации од дестици илјади луѓе. Ним им се придружи италијанската пејачка Гала, која заедно со нив го изведе глобалниот хит „Freed from Desire“, кој стана своевидна химна на студентите во Србија! „Почувствував дека нашата енергија совршено се совпаѓа. Кога излегов на бината, бев изненадена – сѐ беше ново, свежо“.

Длабоко во ноќата, публиката ја поведе глобалниот хитмејкер Tiësto, кој, за прв пат, по сите овие години, конечно стапна на EXIT:

„Конечно стигнав. Многу сум возбуден што сум тука. Егзитовите 25 години се огромен успех – ви честитам!” порача во пресрет на настапот, додавајќи дека тука публиката има посебна енергија и љубопитност, а “тоа е за мене вистинска инспирација.”

Свеченото отворање на јубилејниот фестивал беше одбележано со единствениот Emergency EXIT – мултидисциплинарниот перформанс кој опфаќа музика, театар и мултимедија, истражувајќи теми поврзани со човекот и природата… Соживотот и трансформацијата. Ова беше прв перформанс од ваков тип во Европа. А настанат е како дел од истоимениот проект, во соработка со шпанската театарска трупа La Fura dels Baus. Истата е позната по своите спектакуларни перформанси од голем формат, вклучувајќи ја Олимпијадата, а сега и EXIT фестивалот.

40.000 луѓе во 16 минути молк во знак на солидарност! - EXIT испрати силна порака

Монументалната Dance Arena беше во знакот на најбруталниот Техно четврток. Го предводеа двете најмоќни жени на светската електронска сцена – Amelie Lens и Nina Kraviz, како и јапонскиот електро-шаман Yousuke Yukimatsu кој токму во Србија ја започна својата летна европска турнеја. Пред излегувањето на бина порача на својот инстаграм профил:

„Едвај чекам да почнеме и се гледаме насекаде!”

Програмата на првата вечер на најголемиот танцов подиум ја заокружија Dyen b2b Nico Moreno, Reblok и Muhi.

На омилената регионална жанровска раскрсница, Visa Fusion бината, пристигнуваат Kanda Kodža i Nebojša… Oxajo, Kendi, Luke Black, Sunshine, Bigru & Paja Kratak и Deformitet. Елокупната програма и саатница се достапни на сајтот на EXIT фестивал. Влезниците може да се купат на фестивалските влезови.

[post_tags]