Роберт де Ниро – Едно од најзвучните имиња на холивудската сцена. Зад себе има грандиозна филмска биографија, награди и животен опус кој вреди да се раскаже. Еве што рекол големиот харизматичен актер кој изиграл комплексни карактери – од гангстер до драмско лице:
„Научи ги двете најголеми работи во животот, никогаш не ги гази пријателите и секогаш држи ја устата затворена“.
„Талентот е во изборот“.
„Една од работите во врска со глумата е тоа што ви овозможува да живеете туѓи животи без да ја платите цената“.
„Ќе имате време да се одморите кога ќе умрете“.
„Важно е да не се укажува. Луѓето не се обидуваат да ги покажат своите чувства, тие се обидуваат да ги скријат“.
„Времето продолжува. Значи што и да правиш, прави го. Направи го тоа сега. Не чекај“.
„Парите ти го олеснуваат животот. Ако имаш среќа да ги имаш, ти си среќен човек“.
„Најтешката работа во тоа да се биде познат е тоа што луѓето секогаш се добри со тебе“.
„Нема ништо поиронично или контрадикторно од самиот живот“.
„Не сакам да гледам свои филмови-заспивам од сопствените филмови“.
„Не плаши се да го правиш она што ти го кажува инстиктот“.
„Животот ретко те менува целосно, но постојано те менува во детали“.
„Ако тоа е вистинското столче, не е потребно многу време за да се чувствуваш удобно во него“.
„Не жалам за ниту еден филм што сум го снимил, затоа што имало причина да го снимам во тоа време. Ако не успеал, тогаш не трошам време грижејќи се зошто и како. Само преминувам на следниот проект“.