Мистериозната Меланија Трамп: Што се крие зад фигурата на првата дама? Таа, всушност, никогаш не се стремела да биде класична прва дама. Наместо тоа, ја насочува својата енергија кон лични проекти, како документарецот за Amazon Prime, на кој е извршен продуцент. Документарецот кој го режира Брет Ратнер, сè уште нема официјален датум за премиера. Но, се смета за важен чекор во нејзиното градење на личниот идентитет. Идентитет, надвор од улогата што ја игра како прва дама.
Иако ретко се појавува во јавноста, влијанието на Меланија Трамп зад сцената расте, со сè поголема улога во политичките и филантропските кругови. Тие кои ја познаваат, тврдат дека стилот на Меланија не е случаен, туку внимателно дизајниран за да испрати скриена порака. И покрај тоа што е резервирана и тивка, нејзината стратегија зад затворените врати може да биде далеку посилна отколку што многумина претпоставуваат.
Со Доналд во Мар-а-Лаго и Белата куќа, Меланија Трамп живее свој независен живот, што ја прави мистериозна за јавноста. Покрај нејзината работа на документарецот, таа ја води и иницијативата „Be Best“. Истата се фокусира на заштита на децата од интернет – злоупотреби и зависност од опиоиди.
Новиот напис во книгата на Мајкл Вулф, „All or Nothing: How Trump Recaptured America“, открива детали за нејзиниот брак. Сугерира дека Меланија не ја поддржувала кампањата на Доналд 18 месеци… И дека нивниот брак може да биде на праг на распад. Вулф вели дека никој не знае каде Меланија навистина живе.
„Дали мистериозната Меланија Трамп ја користи својата тивка, независна стратегија како начин да ја задржи контролата над сопствениот живот или таа е одраз на конфликтот кој останува неизречен? Останува да видиме.“