Болниците се полни со болни од грип. Деновиве бројот на заболени го достигнува врвот. Затоа особено е важно, покрај превентивните основни мерки, да се внимава и на исхраната и зајакнување на имунитетот.
Имено, на интернет наидовме на еден сируп кој се верува дека најдобро ќе ве заштити од вируси и грип. Медот знаеме дека е многу здрава храна. Богат е со антиоксиданси и антибактериски агенси кои помагаат во зајакнувањето на имунитетот. Медот помага и со негово конзумирање, полесно се бориме со инфекции предизвикани од микроорганизми како габи, бројни вируси, бактерии.
Станува збор за уникатен сируп направен од мед и борови иглички. Лесно се прави, а гради силен имунитет. Изборот е многу важен, па важно е да знаете дека треба да се одлучите за игли од смрека, бор и ела, а избегнувајте туја и тиса.
Бенефити на овие боровите иглички
Боровите иглички имаат антибактериски својства и се многу богати со витамин Ц. Се користеле како медицински лек уште од антички времиња и истите помагаат и при кашлици, респираторни проблеми, болки во грлото.
Подготовка:
Внимателно откинете ги игличките и измијте ги доколку е потребно.
Ставете ги во тегла од еден килограм и наполнете ја 3/4. Боровите иглички прелијте ги со мед за да ги покрие, а потоа измешајте со жица за матење.
Оставете малку да се смири, па додадете уште мед.
Добро затворете ја теглата и вртете ја неколку пати за медот да ги покрие сите игли.
Оставете да отстои 10-15 дена. Промешувајте од време на време.
Потоа процедете низ ситно сито во чиста тегла за да ги отстраните боровите иглички.
Користете го овој сируп како што вообичаено би користеле мед – на пример, една кафена лажичка пред спиење, или можете исто така да го додадете во чајот или да го намачкате на тостирано парче леб. Доколку чувствувате болки во грлото, исто така може да конзумирате по една лажица по потреба.