Божиќ – Празник на Животот

bozik e praznik na zivotot

Божиќ е празник на животот. Започнува на 5ти јануари, вечерта со „Коледе“, која ја означува увертирата на празникот на животот. Децата тропаат на вратите, пеат божиќни песни и го најавуваат раѓањето на Исус, додека добиваат овошје, ореви и бонбони од домаќините што ги пренесуваат желбите за плодна и успешна година. Подоцна, во вечерните часови, повозрасните луѓе од соседството се собираат околу оган на отворено, водат долги разговори за изминатата година и за она што претстои.

Бадник експандира во предвечерјето на Божиќ

Божиќ е празник на животот! На Бадник, домаќините, традиционално носат дабово дрво во домот. Дабот е избран поради неговата сила, долговечност и стабилност, а палењето на дрвото носи повеќекратна симболика – тоа е симбол на животот, на светлината која ја победува темнината како и на обновата и продолжувањето на животот во новата година.

Понатаму, трите делови на дабовото дрво кои се сечат и носат во домот, од страна на таткото и синовите, го симболизираат Светото Тројство, додека огнот на кој се става дрвото ја претставува Божјата заштита и светлината на верата.

Овој обичај е духовен чин кој ја претставува светлината и топлината што ја носи раѓањето на Исус Христос. Палењето на дабовото дрво симболизира и долг и здрав живот за членовите на семејството како и благосостојба во новата година. Но, овој празник не е само за семејствата со потомци – сите луѓе ја чувствуваат топлината на празникот како дел од верскиот комунитетат, славејќи го чудото на Христовото раѓање и светлината што ја носи на сите.

божиќ е празник на животот

Трпезата на Бадниковата вечера е посна. Традиционално, истата е последен ден од традиционалниот 40 – дневен православен пост што се прави во чест на Пресвета Богородица, која го носела бебето Исус.

На трпезата не смее да недостасуваат традиционалните македонски јадења, како тавче гравче, сарми со праз и печени костени, кои го исполнуваат воздухот со својот мирис и топлина.

Секој залак е исполнет со богат вкус, а кога ќе се додаде овошје, целокупниот оброк ја смирува душата и ја полни со радост и благодарност. Кога ќе ги почувствуваш мирисите на Бадникот што се шират низ домот, знаеш дека оваа вечер е посебна и исполнета со божествена благословеност. Традицијата на Бадниковата вечера го пренесува духот на празникот со што се збогатуват подеднакво и културата и верските обичаи.

Како што се затвора денот, така трпезата на Бадниковата вечера ги носи сите оние благослови и љубов што ја пренесуваат овие традиционални јадења, кои обединуваат и ги слават сите што седат околу масата. Божиќ е празник – вонвременска тема што обединува.

божиќ е празник на животот

И додека гори огништето, Божиќ ја добива својата вистинска топлина и значење. Членовите од семејството разменуваат поздрав: „Добра вечер и весел Бадник“. Децата, заедно со мајката носат сноп сено од надвор и сите заедно ја раскинуваат на подот и седнуваат околу трпезата. Овој обичај  има за цел да го доближи амбиентот на оној момент кога се родил Исус. Домот се украсува и со дабови и борови гранки кои ја претставуваат желбата на семејството за долг и здрав живот: „со здравје силно како даб и со живот долг како борот.“

Во рамките на вечерата се служи домашен леб (погача) со паричка скриена во неа (обично поставена пред печењето). Според традиционалната вера, оној кој ќе ја најде паричката  во своето парче, ќе има успешна година. Се пали Божиќната свеќа од восок и целото семејство ја продолжува молитвата со Божиќна песна.

На самиот Божиќ, на 7ми јануари, луѓето присуствуваат на првата утринска црковна служба. По враќањето од црквата, пристигнуваат и првите гости. Обично е тоа некој од драги пријатели на семејството, кој е особено почестен на оваа прослава. Гостите се пречекуваат од домаќините, кои ги бакнуваат трипати на образите и им го упатуваат Божиќниот поздрав: „Христос се роди!“ На што гостинот одговара: „Вистина се роди!“ Овој поздрав се разменува во текот на сите три дена Божиќ.

божиќ е празник на животот

Со поздравот, гостите го потегнуваат горечкото дабово огниште и кога искрите ќе се разлетаат, ја исполнуваат атмосферата со магија. Во тој момент, тие упатуваат најискрени желби за семејството, често во форма на стихови, изразувајќи посебни благопожелби и надежи. Се евоцираат спомени, оживувајќи моменти на љубов, радост и сплотеност, кои го осветлуваат домот со духот на традицијата.

Божиќната вечера се состои од печено месо и други празнични јадења. Овој оброк го означува почетокот на Божиќната прослава која трае три дена. Прославата треба да биде богата како симбол на  славење на раѓањето на Исус по строгите православни пости.

Така било некогаш, така е и сега. Можеби со мали измени, но со истата топлина и значење што ги носи духот на православниот Божиќ. А за крај, не заборавајте: „Пред Божиќ, зад Божиќ – дома да си!“

пишува: Ромина Марковска