Згасна животот на КРИС КРИСТОФЕРСОН – Легендата на кантри музиката

„Крис Кристоферсон, наградуваниот американски кантри музичар и актер кој работеше со Џони Кеш и Мартин Скорсезе, почина на 88 години во својот дом на Хаваи, објави семејството. “

Покрај авторската кантри музика, КРИС КРИСТОФЕРСОН имаше и успешна актерска кариера . Имено „Me and Bobby McGee“ (Јас и Боби Меги) беше еден од најпознатите хитови, а најпопуларната верзија беше испена од Џенис Џоплин.

„Крисоферсон беше пацифист, револуционер, актер, суперѕвезда, секс симбол и семеен човек“, објави семејството, пренесува sdk,mk

Што се однесува до неговиот живот, Крис е роден во Тексас во 1936. Неговиот талент беше препознат и стана водечка личност во кантри музиката. После дипломирањето на Оксфорд, се вратил во САД и се придружил на војската, каде што предавал литература. Во 1965 псоле посетата на Нешвил, по само две недели ја напуштил војската. Од таму, се преселил во овој град и гради музичка кариера.

КРИСТОФЕРСОН има објави 22 албуми во периодот од 1970 до 2016. Има три награди Греми за најдобра кантри песна. А што се однесува да актеркста кариера, тој дебитираше во 1971 и освои Златен глобус за „Ѕвезда е родена“ во 1977, во кој играше со Барбра Стрејсенд. Легендата продолжи да живее и кај новите генерации кои го запознаа преку „Блејд“ филмскиот серијал.

Во 1985 ја формираше супергрупата „Хајвејмен“ е супергрупата која се формира Во 1985 заедно со Џони Кеш, Вејлон Џенингс и Вили Нелсон. Зад себе има три брака и осум деца.