MOTOCAST – Првиот подкаст за мотоцикл на Балканот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST. Ова е првиот подкаст од ваков вид во регионот. Посветен е на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот.

Првата епизода беше премиерно прикажана во среда, 11 септември 2024 година. Се емитуваше на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube. А во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма. Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST во четврток во 21:30 часот.

MOTOCAST

MOTOCAST, за своите гледачи ќе ги претставува новите епизоди во овие термини. Ќе се фокусира на прикажување и славење на моторџиските приказни… На култура и другарство, со силен акцент на модерните и безбедни практики на возење.

Создаден и предводен од страстен моторџија и ентузијаст Зоран Бодгановски, MOTOCAST ги истражува уникатните искуства на моторџиите од Балканот и од целиот свет, создавајќи платформа каде што заедничката љубов кон возење на две тркала ги зближува луѓето.

Од возбудливи авантури до лични патувања, подкастот има за цел да ја поврзе, вклучи и поттикне заедницата на моторџии.


Секоја епизода ќе содржи инспиративни интервјуа… Стручни сознанија и дискусии за најновите трендови во мото светот, безбедносни совети и постојано развивање на животниот стил на мотоциклизмот. MOTOCAST е место каде сите моторџии ќе имаат право на свое мислење. Ќе бидат третирани подеднакво, без разлика на пол или на нивната национална, верска или друга припадност.

Без разлика дали сте искусен моторџија или само го откривате светот на моторите, MOTOCAST е вашиот извор за сите работи во мото светот.

-Мисијата на MOTOCAST не е само да забавува. Туку и да го поттикне чувството на единство во мото заедницата и да ја промовира нејзината безбедност. Со споделување искуства, промовирање на безбедно возење и охрабрување на новите моторџии да се приклучат на патувањето, MOTOCAST ќе стане срцето на моторџиската заедница на Балканот и пошироко. Придружете ни се секоја недела додека се возиме во светот на MOTOCAST!“ – се вели во овој ПР Текст кој стигна до редакцијата на razbudise.mk

За поткастот:

MOTOCAST е подкаст посветен на славење и промовирање на мото заедницата и нејзината единствена и енергична култура. Емисијата ги истакнува модерните и безбедни практики на мотоциклизам додека споделува инспиративни приказни на моторџии од балканскиот регион и од целиот свет. Поттикнувајќи силно чувство на единство и страст, MOTOCAST има за цел да ги ангажира и поттикне ентузијастите на мотори, создавајќи платформа за поврзување и споделени искуства. MOTOCAST е првиот подкаст од ваков вид во регионот, кој нуди платформа за поврзување и споделување на искуствата на моторџиите.

ПР Ткст