Гурманска салата од рукола, смокви и горгонзола! Ако сакате гурманска салата која ќе ги воодушеви вашите сетила, ова е вистинскиот избор. Ќе изгледа како нешто што го подготвил професионален готвач. Во текот на сезоната на смокви , ви се нуди можност да подготвите визуелно совршен оброк со најсвежите плодови на природата.
Што ја прави оваа гурманска салата толку посебна? Комбинацијата на острата свежа рукола, сочните портокали, слатките смокви и кремастата горгонзола. Ваквиот спој на вкусови создава симфонија која ќе ги изненади вашите гости , но и вас. Дополнителните тајни состојки – тостираните ореви или фстаци, додаваат крцкавост и богата текстура. Маслиновото масло носи гастрономска магија.
Подготовката трае 15 минути, а резултатот е салата која зрачи со раскош и свежина. Пробајте ја оваа салата како лесен ручек или предјадење – и уживајте во секој залак.Салатата може да се сервира ладна или на собна температура во зависност од вашите преференции и тоа како што ви се допаѓа.
Еве ги состојките што ќе ви требаат:
4 грста свежа рукола
2 големи портокали
8 -10 свежи смокви
100 грама горгозола
грст ореви или фстаци
2 супени лажици маслиново масло
1 лажица балсамико оцет
1 лажица мед
сол и свежо мелен пипер по вкус
За сите љубители на посебни вкусови, оваа салата од рукола, смокви и горгонзола е совршен избор за оброк што комбинира и свежина и кремаста структура. Со балансирана игра на слатко и солено, овој оброк ќе ги разбуди сите ваши сетила. За совршен завршеток, препорачуваме да ја прелиете со нежна винска редукција или дресинг од мед и балсамико кои совршено ги заокружуваат вкусовите.
Ова е вашата шанса да ја подготвите највкусната салата што сте ја пробале!