Екстра промоција во „Разбуди се“: Нов музички проект на Aлек AGATO

„Ништо не прави Земјата да изгледа поголема од пријателите на далечина. Тие го прават растојанието.“ – Хенри Дејвид Торо (Носталгија, емоции – Промоција во „Разбуди се“ на нов музички проект: MACEDONIAN NOMAD – Aлек Agato.

Со Aлек сме пријатели одамна. Приказната ни започна во паркот кај сатот. Во Битола. Во таа андерграунд алтернативна сцена во која некогаш Битола знаеше да пулсира. Приказната ни продолжи во Скарлет, Висаж, долниот парк, на фонтана. Беше тоа време, ако се сеќавате, кога се делевме на „кремци“ и андерграунд… 🙂 Време кога во Битола во паркот кај сатот, имаше посебна енергија. Магија која ја создаваа и креираа уметници… Беше тоа крик на една младост за нешто многу повеќе. Време кога верувавме оти Битола ќе стане метропола, оти ќе остариме тука и тука ќе остани квалитетот. Беше тоа лудо време на уметност, на поезии, на проза, на музика од секаков жанр. Време на битови, забави, фристајл, на рап сцената… Бевме бунтовни млади луѓе…

Нашето пријателство продолжи преку „мрежа“. Се влечкав знам по интернет кафулиња и си пишевме меилови. Долги ко небаре „Војна и Мир“ да ја читаш. Ама знаев оти ќе прочита и знаеше оти читам. Штом тогаш издржавме со брат ми, ова ќе трае вечно. Aлек повторно е УСА, а нашето пријателство го овековечивме во кумство. Пишува откако знам за него, а неговите текстови се навистина брилијантни со посебна тематика што знае да разбуди некоја емотивна страна. Да реши проблем или да ве намести како мозаично парче од неговиот (понекогаш) автобиогравски ролеркостер.

Aлек Agato во интервју за „Разбуди се“.

Имено, го знаете како Agato, но овој пат се претставува како НОМАД. Повод за интервјуто е неговиот нов музички проект, а за него можеме да речеме дека е совршено парче и микс на емоции како спој од едно убаво време и овој денешен рапиден свет. Свет кој без никаква толерантност „те вози“ напред, но и покрај сѐ, му пркосиш. Албумот е брилијантен и ја користи АИ технологијата, раѓајќи извонреден глас кој Aлек го оживеа на сцена. За проектот и оваа извонредна приказна на Агато, прочитајте подолу во текстот.  

Aлек

Aлек