„Само на Локум Фест се слуша музика од фјужн и ладино…“

„Само на Локум Фест се слуша музика од фјужн и ладино…“.

Локум Фест 2024 е фестивалот кој го слави духот на мултикултурата и толеранцијата. Исткајан е во срцето на старата чаршија во Битола. Оваа манифестација се одржува секоја година во третата недела на месец јули. Локум Фест привлекува посетители од сите делови на светот.

Локум Фест – музика и традиција 2024

Создаден во срцето на старата битолска чаршија во 2007 година, фестивалот го зеде обичајот со локум и кафе како лајт мотив за средба помеѓу луѓето, културите и нивните музики.

Овој посебен конзулски амалгам верно ја слави традицијата, културното наследство и чаршијата како дел од нашата колективна меморија, идентитет и иднина. За изминатите 16 години, фестивалот презентираше преку 80 групи и ансамбли од преку 25 земји, а секако и најдобрите етно музичари од Македонија. Само на Локум Фест се слуша чалгија, фјужн (комбинација на различни музички жанрови), етно џез, world music и ладино (традиционална музика на Сефардските Евреи, потомци на еврејските заедници од Иберискиот Полуостров).

Овогодишна музичка програма

Дамир Имамовиќ (Босна и Херцеговина)

Dumai Dunai (Канада/Украина / Бугарија)

Фолкатомик (Италија)

Мухамед Ибрахими (Македонија)

Синафи Трио (Грција)

За фестивалот

Фестивалот е симбол на отвореноста и пријателството меѓу различните етноси. Инспириран е од обичаите на отоманскиот период и од времето на чаршискиот еснафлук кога комшиите и добронамерниците се почестуваа со локум и кафе. Традицијата продолжува и денес.

Музика и традиција

Локум Фест ги слави традициите на славното минато на Битола, позната како градот на конзулите. Во времето на Отоманската Империја, Битола доживеала најголем раст и важност, а старата чаршија била центар на случувањата, средби и доживувања. Нуди богата програма со музички настани, културни активности и изложби кои ја оживуваат историјата и традицијата на овој период.

Вкус на локуми , мирис на турско кафе и звук на традиционална музика... Битола – фестивалска приказна за културата и традицијата.

Извор