Сончевите и топлотни удари не се шега – Фактори кои го зголемуваат ризикот од топлотен удар

сончеви и топлотни удари

Сончевите и топлотни удари не се шега, особено во летните месеци. Предизвикани од изложеност на екстремни температури, може да изненадат. Одредени фактори можат да ве направат подложни на овие опасности.

Имаат прекумерна тежина или страдаат од дебелина

Се соочуваат со знчителни попречености

Имаат изгореници од сонце

Се помлади од 13 години или постари од 65 години

Користат одредени лекови за срцеви проблеми или висок крвен притисок, особено диуретици

Искусуваат ненадејни промени во температурата, како патување од ладна во топла клима

Поминуваат време надвор на екстремна топлина или во затворен простор без можност за разладување

топлотни удари

Симптомите на сончев и топлотен удар можат да се развијат брзо или постепено и вклучуваат:

Силна непријатност

Мускулни грчеви

Главболка

Вртоглавица

Гадење

Што да правите ако се сомневате во сончев удар?

Ако се сомневате дека доживувате сончев и топлотен удар, преземете ги следниве чекори:

Засолнете се на засенчено место

Извадете еден или побеќе парчиња облека

Вклучете вентилатор или клима уред

Намачкајте ја кожата со ладна вода или ставете ладни, влажни крпи на телото

Консумирајте течности како вода и спортски пијалоци

Ако повраќате или чувствувате гадење, потребно е веднаш да се консултирате со лекар, пренесува Нови лист.

Кој е заклучокот? Изложеноста на екстремни температури може да биде опасна. Сончевите и топлотните удари не се шега. Но, со соодветна подготовка и внимание, можеме да ги намалиме ризиците. Бидете внимателни и заштитете го вашето здравје ова лето!