Биби и Боби во 3D Кино Битола – Јипи рипиии!

Биби 3D кино

„Светот на Биби“ веќе неколку години ги освојува детските срца, а сега пристигнува во 3D Кино Битола.

Преку приказни и авантурите на Биби, децата учат, се смеат… Запознаваат еден свет полн со емпатија, добрина, вистински вредности. Децата стекнуваат знаење, по што „Светот на Биби“ има и едукативна намера. Голема и волшебна е приказната на Биби и Боби, а овој пат најмладата публика ќе има можност уште еднаш да ужива во нови проекции. Подгответе се за уште едно филмско уживање во 3D Кино Битола со нивните неверојатни авантури во Волшебната шума!

Биби 3D кино

Подгответе се за многу смеење, возбуда и моменти полни со магија со „Светот на Биби“

Цена : 100 денари

Проекции:

Интересн факт кои го споделија креаторите на „Светот на Биби“ за интервју за fakulteti.mk :

..И меѓу редовите наидовме и на едно интервју зад кое стојат авторите на познатото шоу кое продолжува да ги освојува детските срца. Што се крие зад приказната и како започнала? „Процесот на изработка на првиот цртан филм – „Азбуката на Биби“ траеше 5 месеци.“ – велат од тимот на креаторите на анимираниот филм – Отворивме јутјуб-канал и преку Факултети.мк и Деца.мк почнавме со промоција на првиот цртан филм со македонска азбука. На 14 октомври беше премиерата, а за две недели веќе имавме над 100.000 прегледи…“ Сметаме дека оваа информација носи силна порака што ќе ја разбуди амбицијата и кај возрасните. Креирајте со љубов и создадете своја неверојатна приказна.