Шокантни вести од Париз: Новак Ѓоковиќ можно е да се откаже

Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ го повреди зглобот пред почетокот на АО. По пресвртот, оствари голема победа против Франциск Серундола и ја воодушеви планетата. Но, по мечот има многу повеќе причини за загриженост отколку за славење.

Ѓоковиќ по натпреварот откри дека поради проблемот со повредата што се влоши на осминафиналниот дуел, не е сигурен дека ќе игра против Каспер Руд во среда, а неговата загриженост ја подгреваат новите информации. Организаторите го објавија распоредот за тренинзи, а на него го нема, што значи дека Новак нема да го одработи вообичаениот тренинг.

Не е редок случај кога станува збор за дебитант, но настаните на мечот со Серундола и неговите изјави го подгреаа стравот дека нема да може да продолжи.

„Постои шанса да се откажам. Има, зависи колку е сериозно, колкава штета е направена. Не е во мои раце. Да се молиме на Бога се да биде како што треба. Ќе направам некои работи вечерва за да го забрзам закрепнувањето, но колено е колено, еден од главните зглобови во телото. Не можеш многу со коленото“, рече српскиот ас на прес – конференцијата.

Ѓоковиќ

Сите очи сега ќе бидат насочени кон медицинските извештаи кои се очекуваат.

„Што се однесува до состојбата на коленото, не би навлегувал во детали. Мислам дека не соодветно да го споделам со вас. Се надевам дека ќе добијам позитивни вести по МРИ. Ќе ги покаже вистинските работи, па ќе видиме каде сме и што сме и што треба да направиме.“

Не е првпат најдобриот тенисер во светот да се најде во тешка ситуација, но ако има трошка шанса, сигурно ќе излезе на натпреварот, на дуелот против Руд. Нема да се предаде без борба.

„Во Авсралија си ги скинав мускулите, но можеше да направиш нешто со завои. Едно е мускул, друго е колено. Методот за обновување е различен. Никогаш не сум имал големи проблеми со коленото, освен во 2011 година кога носев лента на десното колено, но играв на многу турнири. Но, тогаш имав 24 години“, изјави најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ