За денот на шегата, маскембал е неизбежен. Секако на овој ден најповеќе се радуваат децата, но не би ги изоставиле и оние најкреативните родители кои веруваме дека едвај го чекаат ваквиот момент.
Доколку сеуште немате идеја, во продолжение погледнете неколку креативни костими. Веруваме дека во кои сигурно вашите најмили ќе изгледаат уникатни, единствени и секако урнебесни. На фотките наидовме на секогаш инспиративниот пребарувач Pinterest. Па од таму ги црпиме изворите за нашиот избор на најефектна маска, костим.
Се разбира дозволено е да се маскираат и возрасните, па зошто да не би ја разбудиле таа идеја. Како некогаш. Како во безгрижните денови кога градот пулсираше во име на овој ден. Кога секое ќоше раскажуваше своја автентична приказна. Локалите беа тематски,,трансформирани”. Се сеќавате ли? Едни беа во вестерн стил, во други се чувствуваше некој винтиџ или пак би рекле готски шмек. 1ви Април беше вистинска атракција…
Како и да е, време е да им го пренесеме тој дух на дечињата и да ги наполниме со позитивна и креативна енергија. Време е за шега, урнебес и маскембал.