Талентот кај децата, велат дека е тешко да се препознае. Надареноста се вели дека е дар од Бога, а сега психолозите откриваат како тоа да се препознае. Имено тие алудираат на една особина преку која родителите може да препознаат и да увидат дека нивното дете е натпросечно интелегентно и талентирано.
Се работи за доживување интензивни емоционални реакции на светот околу вас или за нешто што се нарекува емпатија.
Психолозите го објаснуваат ова преку примерот кога на детето му е тешко да ужива во филмови или серии каде еден од ликовите е тажен или повреден. Надарените деца, или оние кои се натпросечно талентирани, насочуваат истражувањата, имаат силни емоции и може да доживеат интензивна фрустрација или разочарување доколку погледнат и перцепираат соочување со одередена неправда.
Овие деца, се потенцира во студиите, имаат силна емпатија, без разлика дали се работи за нивни врсници, родители или други луѓе од нивната околина. Солзите на другиот нанесени од неправда, кај нив предизвиуваат силни чувства, па и тие можат да се расплачат, сочуствувајќи.
Би заклучиле дека добрината е интелегенција. Добрината ги прави и децата исклучителни и натпросечно талентирани. Емпатијата и љубовта го прват овој свет волшебно место и без нив, нема простор за одново создавање на нешто што се вика „човечност“. А кој би рекол дека токму во човечноста се крие талентот.