Bots & Posts во Загреб е првиот ресторан во светот со храна направена од роботи. Bots & Posts, ресторанот на роботите го менува вашиот кулинарски свет.
Вие одбирате меѓу црното рижото и њоките со пилешко или тартуфи? Октопод, гулаш или кари од морска храна? Сега, сите овие вкусни опции се на располагање во Bots & Posts во Загреб, првиот ресторан во светот каде што роботите го приготвуваат вашето јадење.
На менито на овој уникатен ресторан има 70 можни опции, секоја вкусна и внимателно приготвена од роботи во кујната. Проектот изнел седум години на реализација и преку 1 милион евра инвестиции. Резултатот е впечатлив-идеална комбинација на вкусови што ги задоволуваат клиентите.
Bots & Posts е вистински иноватор, нудејќи храна приготвена со свежи состојки и без никаков човечки контакт. Ресторанот претставува футуристичка кулинарска авантура.
Секој оброк се подготвува од страна на пет готвачи-роботи кои можат да произведат по четири оброци за само 15ет минути. Од црно рижото до тајландско кари, Bots & Posts нуди најразлични вкусови за гурманско уживање.
И додека роботите во кујната се грижат за вашиот оброк, се добива автоматизирано искуство на нарачка и плаќање. Одговорните веќе размислуваат за трансформација на концептот во франшиза што би сугерирало на отворање пат за повеќе роботизирани ресторани низ светот.
Со роботите како главни кулинарски уметници, можеби машините треба да започнат со персонални консултации за професионален развој? Готови сме ние луѓето! Откако ќе ни ги превземат рестораните што е следно? Можеби ќе има свечено отворање на кафулиња на Марс?!