Лалеманија, зараза од лалиња и нивно одгледување: ТРИ Растенија што носат љубов во вашиот дом

rastenija koi nosat pozitivn energija

Одамна се верува и е докажано дека растенијата имаат живот, можат да внесат живот, позитивна енергија и да манифестрираат и дуплираат среќа во вашиот дом. Ако ги љубите и негувате тие ќе растат, а ако ги игнорирате ќе овенат. Во продолжение, за урбан изглед и убави денови кои ќе започнат да се креираат од вашиот дом, прочитајте го нашиот предлог за три растенија кои мора да се најдат на вашите полици.

Овие три растенија се идеални за градина, куќа или стан, а можете сами да ги засадите, да им ги подарите на пријателите и на тој начин да се повикате на здравје и среќа.

Лалиња

лалеманија

Лалињата се верува дека придонесуваат за за благосостојба и богатство. Интересна е приказната што стои зад овие растенија. Имено, лалињата некогаш се користеле за размена, односно плаќање за друга стока. Тие потекнуваат од Турција, а на крајот на 16 век пристигнале во Холандија, која ги одгледувала и денес се смета за земја на лалињата, па жителите на оваа земја во 17 век биле „зафатени“ од вистинска лалеманија – сите сакале да ги засадат и негуваат. Во историјата се споменува и францускиот крал на Луј XIV кој исто така бил луд по лалињата. Ова е доста интригантно и за многу научници, затоа што е неопшилива таа љубов што своевремено се случила. Дали е во прашање миризбата или изгледот, не е важно. Важно е дека навистина овој ц вет знае да создаде љубов.

Бршлен

бршлен

Ова лековито растение помага во превенција од болести и се подарува за лекување и рехабилитација, а најдобро делува при проблеми со бубрезите и жолчката, кашлица и иритации на кожата. Не се пие како чај бидејќи е отровен, но листовите може да се стават на плусканици, кои после 48 часа безболно се отстрануваат и исчезнуваат.

бршлен тристан и изолда


Легендата вели дека Тристан и Изолда биле закопани на спротивните краеви на црквата, но бршленот, кој почнал да расте во близина на нивните гробови и повторно се соединил на покривот.

Каранфил

каранфил

Ова растение и неговиот цвет се сметаат за симбол на љубов, пријателство и плодност. Во литературата, црвените каранфили често се поврзуваат со љубов, а се верува дека нивното присуство поттикнува страст, заедништво и благосостојба.