Неделен репертоар – ,,Разбуди се” и,, 3D kino Битола” наградуваат

Подгответе се за филмски реплики, сцени и приказни кои долго ќе ги паметите. Каде? Секако во 3 D Kino – Битола. Имено,,Разбуди се” и ,,3 Д кино Битола” доделуваат 2 влезници за премиерата на романтичната комедија ,,Прекрасна венчавка”(Beautiful wedding).
Се што треба да направите е да ги заследите фејсбук страниците на 3 Д кино Битола и razbudise.mk и во коментар напишете со кого сакате да ја гледате оваа проекција. Извлекувањето ќе биде на 10.02. 2024 (Сабота) во 10 часот наутро.

Набавете си пуканки, удобни алишта и раскомотете се во црвената фотелја на 3 D Kino – Битола. Уживајте во нивниот репертоар и погледнете ги филмовите.

3 D Kino - Битола

„Недела“

Освен нашиот осврт и рецензија што можете да ја прочитате тука, за филмот „Недела“ и неговата приказна е запишано: Филмот го следи животот на еден од омилените пејачи на овие простори, Џеј Рамадановски. Инспириран од вистински настани, ја раскажува приказната за Џеј од најраната младост до големиот успех што го оствари. Иако немал лесно детство, кое главно го поминал на улица и во поправен дом, Џеј успеа да го заземе своето место на музичката сцена и преку песна да стане дел од животот на многумина.

„Аргајл“  

Ели Конвеј, интровертна шпионска романсиерка која ретко го напушта својот дом, е вовлечена во реалниот свет на шпионажата кога заплетот на нејзините книги малку премногу се приближува до активностите на злобниот подземен синдикат. Кога Ејден, шпион, се појавува за да ја спаси (така тој вели) од киднапирање или убиство (или и двете), Ели и нејзината сакана мачка Алфи се втурнати во таен свет каде што ништо и никој не е како што изгледа.
Улогите ги толкуваат: 

Henry Cavill, Bryce Dallas Howard, Sofia Boutella, Rob Delaney, Catherine O’Hara, Dua Lipa, John Cena, Samuel L. Jackson, Bryan Cranston

Дина ре-издание

Во пресрет на Дина 2, ќе се потсетиме на првиот дел на филмска екранизација на научно фантастичната новела на Франк Херберт, за синот на благородници на кои им е поверена заштитата на највредниот и највиталниот елемент во галаксијата.

Прекрасна венчавка – Романтична комедија 

Откако Аби и Тревис се журкаат во Лас Вегас, дознаваат дека се венчани. Тргнуваат во Мексико на меден месец со нивното семејство и со нивните пријатели.

Вонка

Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка што го знаеме и денес.